1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Поранешен руски шпион веројатно отруен во Англија

СН/ агенции
6 март 2018

Во Солсбери, Англија, две лица се во болница поради сомневање за труење. Едно од нив е поранешен агент од Русија, јавуваат британските медиуми. Приказната потсетува на сличен случај пред дванаесет години.

https://p.dw.com/p/2tkWa
UK Salisbury Krankenhaus
Фотографија: picture-alliance/empics/T. Ockenden

Според полицијата, во Солсбери, град кој се наоѓа југозападно од Лондон, човек на возраст од 60 до 70 години и на жена на возраст од 30 до 40 години се префрлени во единицата за интензивна нега во локалната клиника, откако била пронајдени онесвестени на клупа во трговскиот центар во градот. Според инфромациите на полицијата, и двете биле префрлени во болница поради сомневање за труење од „непозната супстанција".

Според Би-Би-Си и други британски медиуми, пронајдениот маж веројатно е 66-годишниот Сергеј Скрипал, поранешен полковник на руската воена разузнавачка служба. Тој работеше за Британците и во 2006 година во Русија беше осуден на 13 години затвор за шпионажа за Велика Британија. Во 2010 година, тој дојде во Обединетото Кралство по размената на затвореници. Британскиот весник „Гардијан" објави дека Скрипал бил отруен со силниот опијат фентанил.
 

UK Bildschirm mit Videobild von Sergei Skripal
Сергеј СкрипалФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Japaridze

Случај кој потсетува на убиството на Литвиненко

Случајот ги враќа сеќавањата на смртта на поранешниот руски разузнавачки разузнувач и критичар на Кремљ, Александар Литвиненко, кој почина од труење со полониум во лондонска болница во 2006 година. Во извештајот на британските истражни органи беше наведено дека убиството веројатно било нарачано од страна на руската тајна служба ФСБ и одобрено од претседателот Владимир Путин - обвинение што до ден-денес продолжува да ги оптоварува руско-британските односи. Русија ги отфрла ваквите обвинувања.

Повеќе:

-Кој го уби Литвиненко?

-Британскиот суд фактички му пресуди на Путин

-Путин веројатно го одобрил убиството на Литвиненко

Во однос на потенцијалното труење во Солсбери, полицијата говори за „сериозен инцидент" во чија истрага се вклучени цела редица безбедносни служби. Сѐ уште е нејасно дали станува збор за казнено дело. Двајцата пациенти се наоѓаат во животна опасност. На телевизиските екрани, можеа да се видат лица во заштитни костуми како го расчистуваат местото на кое беа пронајдени отруените лица. Полицијата во соопштение истакна дека екстремно сериозно ги сфаќа инцидентите од ваков вид, но оти сепак, не постои никаква опасност за јавноста.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид