1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: Македонија е подготвена за НАТО мисиите во Авганистан

АТ/макфакс2 април 2014

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попoски во Брисел ја реафирмираше подготвеноста на Македонија активно да учествува во градењето на стабилна и безбедна иднина на Авганистан, во мисијата на НАТО.

https://p.dw.com/p/1BaCr
Фотографија: AP

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска (02.04) во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на министерскиот состанок на Северноатлантскиот совет со земјите учесници во Мисијата ИСАФ во Авганистан.

Министрите за надворешни работи во ИСАФ формат разговараа за политичко-безбедносната состојба во Авганистан во пресрет на претседателските и локалните избори, закажани за 5-ти април годинава, како и за правната рамка со која ќе се дефинираат улогата и модалитетите на ангажманот на Алијансата во Авганистан по 2014 година.

Попоски ја реафирмираше подготвеноста на Македонија, во рамките на своите можности и мандатот даден од Алијансата, активно да учествува во градењето на стабилна и безбедна иднина на Авганистан, во мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“, по 2014 година.

Во оваа прилика, Попоски истакна дека со зајакнати заеднички напори ќе се создадат позитивни правни и безбедносни предуслови за развој на демократското општество во Авганистан, почитување на човековите права, организирање фер и демократски претседателски избори, ќе се даде импулс на економскиот развој на земјата и ќе се придонесе кон зголемување на соработката на Авганистан со земјите од регионот.

„Владеењето на правото треба да е во темелот на секоја наша активност. Оттука, треба да почнуваат и завршуваат нашите дејства на меѓународната сцена, но и при носење одлуки. Поради тоа, и постоењето на правна рамка по 2014 е клучна за нашето натамошно присуство во Авганистан“, потенцираше Попоски.

На маргините на состанокот Попоски оствари повеќе неформални средби со министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО.