Поактивен пристап
17 јануари 2012„Македонија по шестгодишен кандидатски сатус и трипати добиена препорака е целосно подготвена и заслучува да ги започне преговорите со ЕУ“, му порачал шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на нерезидентниот амбасадор на Данска за Македонија, Торбен Брил за време на претставувањето во Македонија на приоритетите на данското претседателство.
На средбата амбасадорот Брил накратко се осврнал на приоритетите на Данскa како претседавач со ЕУ , нагласувајќи дека активностите ќе бидат насочени кон актуелните економски и финансиски предизвици со кои се соочува Европската унија, со цел постигнување одржлив развој и макроекономска стабилност на Унијата, како и зајакнување на единствениот европски пазар и евро-валутата.
Средбата на министерoт Попоски и амбасадорот Брил е во рамките на посетата на Скопје на амбасадорот, кој Македонија ја покрива од Виена. На агендата на Брил денеска е презентацијата на приоритетите на претседателството пред сите релевантни институции во Македонија а во текот на утрешниот ден тоа ќе го стори и преку прес конференција во Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Автор:АМ/СН/миа/мф
Редактор: Симе Недевски