1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: Грција не е заинтересирана за целисходен дијалог

13 јануари 2012

Неблагодарно е да се прејудицира, но првичните пораки од Атина говорат дека Грција е незаинтересирана за целисходен дијалог со Македонија, вели во интервју за МИА шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

https://p.dw.com/p/13jAG
Никола ПопоскиФотографија: DW/Silvera Padori

Оценката на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски е дадена во врска со новата иницијатива на медијаторот на ОН Метју Нимиц за средба со страните во спорот на 16-ти и 17-ти овој месец.

Од аспект на резултати, мотивираноста и посветеноста од грчка страна не се фактор што особено охрабрува. Повеќе енергија беше потрошена во поставување барикади, опструкции и одбегнувања на суштински разговори отколку во решение. Македонија посакува тоа да се промени час поскоро, вели Попоски. Според него, на медијаторот во спорот Метју Нимиц треба да му се остави простор да го извршува својот мандат. „Секако неблагодарно е да прејудицираме и креираме очекувања“, вели Попоски.

Македонскиот премиер Никола Груевски, пред два дена, во интервју за „Дневик“ изјави дека речиси и нема теоретски шанси за решение на спорот со името до самитот на НАТО во Чикаго. „И поради кризата, и поради привремената влада, и поради нараснатиот национализам и поради тоа што во владата е и Самарас, и тоа баш преку претставник на МНР. Плус на истражувањата на јавното мислење тој убедливо води и огромна е шансата да биде следен премиер. А сите ги знаеме неговите јасно искажани ставови од почетокот на овој спор, во кој тој беше еден од главните креатори, па така е сe‘ до денес“, објасни Груевски, според кого клучно е „што големите сили се тотално незаинтересирани за овој проблем, имаат огромни свои проблеми и прашањето за името и за проширувањето воопшто не се во врвот на нивните приоритети“.

Опозициониот СДСМ на ова интервју на Груевски реагираше со оценка дека е „голема грешка на неколку месеци пред самитот на НАТО во Чикаго да признаваме капитулација“. Генералниот

секретар на СДСМ, Андреј Петров, рече дека Груевски како премиер „треба да се занимава со решавање на проблемите на државата, а не да се жали колку е тешко“.

Автор: ЕМФ/миа/макфакс

Редактор: Б. Георгиевски