1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски бара паралелни преговори за ЕУ и за името

10 ноември 2011

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски бара од Советот на ЕУ да отвори пристапни преговори со Скопје во декември годинава кои би се воделе паралелно со надминувањето на билатералните проблеми на земјата.

https://p.dw.com/p/138S6
Министерот за надворешни работи на РМ, Никола ПопоскиФотографија: DW

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски своето барање за паралелни преговори за ЕУ и за името го образложи со тоа дека

аргументот оти со одложувањето на почетокот на преговорите се создава поволна клима за затворање на спорот со името повеќе не важи, поради неефктуирањето на препораката на Европската Комисија две години по ред.

„ Европскиот Совет треба да се води од успешниот рецепт за водење на пристапни преговори паралелно со надминувањето на билатералните проблеми и во случајот на Македонија и во декември да одреди датум за старт на пристапните преговори, истакна шефот на македонската дипломатија на денешната средба со новинарите, по повод 100 дена од неговата работа.

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Од Грција не стигнуваат сигнали за деблокирање

Попоски притоа призна дека Грција е сериозно преокупирана со должничката криза, но и дека не стигнуваат резултати дека е можно напуштање на концептот на блокирање.

Тој истакна дека формирањето на преодната грчка влада може да отвори можност за поконструктивен став од Атина, во контекст на релативната политичка цена што би се платила во таков случај.

Во однос на втората стратешка цел на Македонија за членство во НАТО, министерот Попоски истакна дека потврда за оправданоста на аспирациите е презентацијата на Акцискиот план на Македонија на последниот самит на Алијанста, континуираниот придонес што го дава во мировните мисии, како онаа во Авганистан, во услови, како што вели, кога дури и многу земји членки размислуваатза намалување или повлекување на своите војници.

Автор:БГ/СН/мф/миа

Редактор: Симе Недевски