1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помпео: Силна поддршка од САД за членство во НАТО

22 август 2018

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров синоќа во Вашингтон се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и други високи функционери во американската администрација.

https://p.dw.com/p/33YA9
USA Washington Nikola Dimitrov und Mike Pompeo
Фотографија: Außenministerium Mazedonien

По средбите Димитров рече дека си заминува во Македонија многу охрабрен од пораките кои ги добил од првите луѓе на американската дипломатија. 

„Имавме многу охрабрувачки состанок со секретарот Помпео. Фокусирани сме на домашната задача, сакаме да влеземе во НАТО и тука поддршката од нашите пријатели од САД е многу важна“, рече Димитров.

Помпео честитал за напредокот на Македонија во изминатиот период, како на планот на внатрешните реформи, така и во односите со соседите, особено со постигнувањето решение на спорот околу името.
Според него, земјата се наоѓа пред нов, многу значаен предизвик, кој доколку биде успешно надминат, ќе биде јасен сигнал за заокружување на започнатиот процес што треба да кулминира со членство на Македонија во НАТО.

Средба Помпео-Димитров

Помпео не даде изјава по состанокот, но неговите зборови ги пренесе помошник-државниот секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој рече дека САД „очекуваат успешен референдум на 30 септември“.

„Помпео многу силно го поддржа овој напор и јасно стави до знаење дека САД сакаат да ја видат Македонија како 30 членка на НАТО“, рече Мичел.

Ова беше прва средба на Димитров со Помпео, по неговото стапување на функцијата во април годинава.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема