1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Полска и Унгарија ги „одмеруваат силите“ со ЕУ – на суд

ЖА / агенции
11 март 2021

Двете земји сакаат да спречат да бидат санкционирани поради прекршување на принципите на правната држава, како што предвидува новоосвоената регулатива во ЕУ.

https://p.dw.com/p/3qVjB
Luxemburg | Europäischer Gerichtshof: EuGH-Urteil zum ungarischen NGO-Gesetz
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Immanuel Bänsch

Регулативата, која „сериозно ја загрозува правната сигурност“, не може да остане во сила, објасни унгарската министерка за правда Јудит Варга на Фејсбук, затоа нејзината земја заедно со Полска поднесла тужба до Европскиот суд против клаузулата за правна држава.

Европскиот суд го потврди приемот на жалбата. Според договорот постигнат меѓу членките на ЕУ, тужбата ќе доведе до привремено одложување на механизмот за санкционирање. Судиите од Европскиот суд треба да извршат проверка дали новиот механизам за кратење на парите од ЕУ за државите кај кои постојат одредени повреди на принципите на правната држава, е  воопшто дозволен.

Компромисот предвидува тужба до Европскиот суд

Ова решение фактички беше постигнато по макотрпните преговори на самитот на ЕУ во декември и е во сила од 1 јануари годинава. Полска и Унгарија жестоко се спротиставуваа на усвојувањето на механизмот за владеење на правото. Од тие побуди со недели го блокираа усвојувањето на милијарди евра тешкиот финансиски пакет од буџетот на ЕУ и фондот за корона-помошта.

Повеќе на темата:

ЕУ: Буџетот спасен, правната држава под закана

Оправдано ли е ветото на Полска и Унгарија за буџетот на ЕУ? 

Милијарди од ЕУ само ако се почитува правната држава?

Со компромисот на Варшава и Будимпешта им беше ветено дека нема да има кратења на парите од ЕУ ако поднесат тужба против регулативата до Европскиот суд. Поддржувачите на механизмот за владеење на правната држава критикуваат дека десно-националните влади во Полска и Унгарија вршат злоупотреба на парите добиени од ЕУ за разградба на демократијата и правната држава.