Катастрофи
Пожари во Австралија: Шокантно и застрашувачки
8 јануари 2020Реклама
Состојбата со пожарите во Австралија не се смирува. Бројот на загинати се зголемува, штетите се огромни. Економијата страда - од земјоделството до туризмот. Австралискиот премиер Скот Морисон оцени дека ситуацијата е „шокантна и застрашувачка“.
Дождот и температурите околу 23-от степен им дадоа малку време за здивнување на пожарникарите, но борбата против пламените јазици ни оддалеку не е завршена. Во сојузната држава која е најмногу погодена, Нов Јужен Велс, сѐ уште има околу 100 пожари. Се стравува дека состојбите во петок можеби повторно ќе се влошат поради тоа што се очекуваат температури над 40-от степен.