Италијанскиот радикален десничар Матео Салвини се заинтересира за бегалците на полско-украинската граница. Но домаќинот не му го заборави пријателството со рускиот претседател Владимир Путин. Му подари маичка со неговиот лик и му порача дека „нема почит за него“.