1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно фудбал - почнува Бундеслигата

АТ/ макфакс22 август 2014

Со натпреварот меѓу Бајерн Минхен и Волфсбург денеска (22.08) започнува 52-та сезона во германската Бундеслига.

https://p.dw.com/p/1CzEU
(архива)Фотографија: picture-alliance/dpa

Бранителот на титулата, минхенски Баjерн, според сите анализи е најголемиот фаворит за трофејот. Баварците во својата историја имаат освоено 24 шампионски титули.

Минатата сезона под водство на шпанскиот стратег Пеп Гвардиола, Баjерн собори неколку рекорди во првенство, а титулата ја обезбеди уште во март, на седум кола пред крајот на шампионатот. Во новата сезона Бајерн влегува без Тони Крос и Марио Манџукиќ, двајцата заминаа во Мадрид, првиот во Реал, а вториот во Атлетико, но е посилен за првиот стрелец во лигата Роберт Левандовски, играчот од редот за врска Себастијан Роде, Шпанецот Хуан Бернат и неговиот сонародник голманот Пепе Реина.

Проблем за Гвардиола е повредата на Мартинез, кој најверојатно ќе ја пропушти целата сезона. Подготвителните натпревари не ја покажаа вистинската моќ на составот на Гвардиола, бидејќи продолжен одмор имаа играчите кои со Германија ја освоија светската титула.

Главен конкурент на четата на Гвардиола и оваа сезона ќе биде Борусија од Дортмунд. Заминувањето на Левандовски клубот го надомести со трансферите на Чиро Имобиле (Торино) и Адриан Рамос (Херта). Доколку тренерот Јирген Клоп нема проблеми со повредите на фудбалерите, тогаш Борусија сериозно може да се вмеша во борбата за титулата.

Очекувањата се дека за местата кои водат во Лигата на шампиони, (вкупно четири) покрај споменатите Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд, ќе се борат Шалке, Бајер Леверкузен, Волфсбург и Борусија Менхенгладбах.

Хофенхајм, Хановер, Херта и Хамбургер се екипи кои би требало да се борат за влез во горниот дел од табелата, додека Вердер, Мајнц, Штутгарт и Аугсбург не би требало да стравуваат за опстанок во лигата. Најсериозни кандидати за испаѓање од Бундеслигата се Ајнтрахт Франкфурт, Фрајбург, Келн и Падерборн.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема