Повторно се разгорува конфликтот за Нагорно Карабах
5 август 2014И покрај повремените оружени инциденти во изминатите 20 години, состојбата во регионот беше релативно мирна откако заврши војната во 1994 година. Во последната серија престрелки кои започнале за време на викендот загинале најмалку 13 азербејџански и петмина ерменски војници.
Нагорно-Карабах, територија која формално му припаѓа на Азербејџан но е со мнозинско ерменско етничко население, е под контрола на ерменските воени сили и на локални воени единици од 1994 година, кога заврши шестгодишната сепаратистичка војна.
Русија, САД, ЕУ и генералниот секретар на ОН изразија загриженост поради новата ескалација и ги повикаа двете страни да го почитуваат прекинот на огнот. Останува нејасно што го предизвика последниот бран насилство.
Претседателите на двете земји се очекува да се сретнат на крајот на неделава во Сочи, Русија, и да имаат и одвоени средби со рускиот претседател Владимир Путин. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Групата Минск на ОБСЕ презема чекори за усвојување документ со политички принципи за решавање на спорот.