Победникот и „непоразената“
6 мај 2019Реклама
Новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, е уверен дека на изборите победило мнозинството граѓани кое се обединило за концептот „Заедно напред“: „Исходот од овие претседателски избори значи загарантиран пат напред за сите граѓани, кон европскиот и развиен свет каде што припаѓаме“, нагласи тој, ветувајќи дека ќе биде фактор на стабилност, а не извор на кризи.
Неговата протвикандидатка Гордана Сиљановска Давкова им се заблагодари на оние кои го дале својот глас за неа и рече дека резултатот покажува оти „во опозицијата мора да се препознае важен актер и фактор“ и дека „власта не е толку силна како што мисли“.