1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

По поплавите: Затаи ли системот во Германија?

Дојче веле
19 јули 2021

Каде затаија сирените? По поплавите во Германија се лоцираат пропустите во заштитата, коишто доведоа до големи штети и над 196 загинати лица во Западна Европа.

https://p.dw.com/p/3whoL
Deutschland Schäden nach Überschwemmung | Bad Neuenahr
Фотографија: Thomas Frey/dpa/picture alliance

Додека надојдените води се повлекуваат, властите продолжија со потрагата по жртвите и ги интензивираа своите напори за расчистување на погодените делови на западна Германија, источна Белгија и Холандија. Досега е потврдено дека 117 лица загинаа во најпогодениот германски регион, Рајнланд Фалц, додека 47 ги загубија животите во соседната Северна Рајна-Вестфалија. Најмалку една жртва има во Баварија, каде имаше силен дожд и поплави за време на викендот. Бројот на загинати во Белгија се искачи на 31. Претпоставките се дека веројатно ќе бидат пронајдени уште жртви меѓу уништените домови. 

Лекциите од катастрофата

Германските власти тврдат дека биле преземени сите мерки пред силните поплави кои изненадија многу градови, при што загинаа 196 лица во Западна Европа. Но, тие признаа дека многу лекциите може да се научат од катастрофата. 

Синоптичарите предвидуваа врнежи од дожд што доведе до создавање на мали реки, но предупредувања за потенцијално катастрофалната штета се чини дека не допреа до многу луѓе, чии области беа погодени од невремето често во ноќните часови. Федералните и државните власти се соочија со критики од некои опозициски политичари во врска со катастрофата, во пресрет на изборите во септември. Но, министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер ги отфрли наводите дека федералните службеници направиле грешки и рече дека предупредувањата биле доставени до локалните власти „кои донесуваат одлуки за заштита од катастрофи". 

-повеќе на темата: По поплавите во Германија: „Надреална, застрашувачка состојба "

„Морам да кажам дека некои од работите што ги слушам сега се евтина изборна реторика“, рече Зехофер за време на посетата на резервоарот Штајнбах во западна Германија, каде што властите велат дека повеќе не се плашат од попуштање на браната. 

Deutschland Schäden nach Überschwemmung | Bad Neuenahr
Штети од повеќе милијарди евра по поплавите.Фотографија: Thomas Frey/dpa/picture alliance

„Сега не е време за тоа“, рече Зехофер за време на посетата во понеделникот на Бад Нојенар, во најпогодената област, но вели дека властите ќе мора да научат лекции од поплавите штом помине опасноста. 

„Каде и да можеме да подобриме нешто - во аларми, во опрема... ќе мора да го направиме тоа“, вели тој. „Тоа им го должиме на семејствата што биле погодени од поплавите, а пред сè на жртвите". 

Задоцнети известувања

Шефот на германската Агенција за цивилна заштита смета дека невремето релативно добро било предвидено и дека земјата добро била подготвена за поплавување на поголемите реки. Но, Армин Шустер во неделата вечерта за телевизијата ЦДФ изјави дека „половина час пред невремето, честопати не е можно да се каже кое место ќе биде погодено со кое количество на вода. Тој рече дека биле испратени 150 известувања за предупредување преку апликации и медиумите. Тој додаде дека „ќе мора да испитаат“ каде имало сирени за предупредување, а каде не. 

Deutschland Schäden nach Überschwemmung | Schuld
Поплавите уништија цели населби и помали местаФотографија: Thomas Frey/dpa/picture alliance

Официјални лица во германската покраина Рајнланд Фалц изјавија дека биле добро подготвени за поплавите, а општините беа предупредени и постапиле согласно тоа. 

-повеќе на темата: Потрага, спасување, расчистување – последиците од поплавите во Германија стануваат појасни

Но, министерот за внатрешни работи на државата, Роџер Левенц по посетата на тешко погоденото село Шулд со канцеларката Ангела Меркел во неделата дека рече дека имале проблем со техничката инфраструктура за електрична енергија и слично – која што беше уништена за секунда.  

„Локалните власти многу брзо се обидоа да реагираат“, рече тој. „Но, ова беше моментална експлозија на вода... Можете да имате најдобри подготовки и предупредувања, но доколку опремата за предупредување е уништена и однесена заедно со зградите, тогаш тоа е многу тешка ситуација“. Мобилните мрежи исто така беа погодени од поплавите. 

Непланиран ризик

Бројни прашања се отворија во врска со системот за предупредување за итни случаи во Германија по тестот на национално ниво во септември 2020 година, прв во 30 години, кој во голема мера не успеа. Сирените не се огласија на многу места или биле отстранети по завршувањето на Студената војна, а сигналите од национална апликација за предупредување пристигнале доцна или не пристигнале воопшто. 

Deutschland Schäden nach Überschwemmung | Bad Neuenahr
Штети од поплавите во Бад НојнарФотографија: 18/07/2021

Шустер, шефот на агенцијата за цивилна заштита, истакна дека програмата за реформа на цивилната заштита беше започната претходно годинава, вклучувајќи и погон за поттикнување на локалните власти да инсталираат повеќе сирени. Германија нема систем за текстуални пораки за предупредување за катастрофа, но Шустер за радиото Дојчландфунк изјави дека се истражува таа можност. 

Додека локалните заедници се соочуваат со огромна задача за обнова на уништените домови и инфраструктура како што се мостови и системи за вода, кабинетот на Меркел е подготвен да подготви пакети за финансиска помош. 

Во акумулацијата Штајнбах, гувернерот на државата Северна Рајна-Вестфалија Армин Лашет рече дека браната е проектирана за ризик којшто може да се појави еднаш во 10.000 години. „Ова беше надминато во последните неколку дена“, рече тој. „Тоа беше веројатност која што никој не ја предвидел”.