По изборите во Бранденбург и Саксонија: АфД втора по јачина
1 септември 2019Реклама
Во Саксонија Христијанскодемократска унија на премиерот Михаел Кречмер, според прогнозите, води со 32,3 до 33,1 проценти гласови.
Во Бранденбург, пак, Социјалдемократската партија на премиерот Дитмар Воидке освои околу 26,5 проценти од гласовите, што е нејзин најлош резултат досега во оваа покраина.
Во двете покраини деснопопулистичката АфД доби многу на поддршка. Алтернатива за Германија заврши на втората позиција и во Бранденбург (23,1 до 24,5 %) и во Саксонија (27,8 до 28,1%).
Формирањето влади во двете покраини по се’ изгледа ќе биде тешко, поради тоа што досегашните коалиции веќе немаат мнозинства.