1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

По подолг период - ден без починати од ковид

ДТЗ
5 април 2022

За првпат по осум месеци во изминатите 24 часа не е регистриран ниту еден случај на Ковид-19 во земјата.

https://p.dw.com/p/49Vfj
Nord-Mazedonien | Kontrolle der digitalen Covid-Zertifikate
Фотографија: P. Stojanovski/DW

По осум месеци, конечно убава вест во Северна Македонија. Изминатото деноноќие не е евидентиран ниту еден смртен случај од опасниот вирус Ковид-19, кој веќе две години е присутен ширум светот. Тоа значи дека за прв пат по 3 август 2021 во дневниот билтен на Министерството за здравство не е регистриран ниту еден починат од коронавирус во земјата. 

Во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции. 

Според извештаите на Институтот за јавно здравје продолжува трендот на намалување на бројот на нови позитивни случаи, хоспитализирани и починати од ковид. Според неделниот извештај на ИЈЗ во последниве седум дена се регистрирани 1602 нови позитивни случаи, што е намалување од 5,4% во однос на претходната недела. Пријавени биле и 12 смртни случаи во 8 градови за 45,5% помалку во однос на претходната недела. 

До 3 април, вакцинирани се вкупно 873.114 лица со една доза на вакцина. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 853.501 лица, а бустер доза примиле 154.693 лица. По препорака на Комисијата за разни болести изминатиов период имаше олабавување на дел од мерките за заштита од ковид, но носењето на маска во затворени простории и понатаму останува на сила.