Брегзит: Туск предлага одлагање од една година
5 април 2019Европската унија и Велика Британија размислуваат за натамошно одлагање на Брегзит, со цел да се спречи хаотичен развод. Британската премиерка Тереза Меј со писмо до претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, побара одлагање до 30 јуни. Туск, пак, пледира за флексибилно одлагање во траење до 12 месеци, тврди неименуван извор од ЕУ. „Единствен разумен излез би било флексибилно продолжување на рокот“, вели инсајдерот.
Повеќе:
Долниот дом на британскиот парламент гласаше за одлагање на Брегзит
Брегзит: Трпението на Брисел е сѐ помало
Шефовите на држави или влади на останатите 27 земји членки на ЕУ мора едногласно да донесат одлука за одлагање. Одлуката треба да се носи на вонредниот самит на Унијата наредната среда.
Голема пречка за одлагањето на Брегзит се европските избори, кои треба да се одржат од 23 до 26 мај. Доколку Велика Британија во тоа време сѐ уште е членка на Унијата, таму исто така мора да се одржат избори. Сега предвидениот термин за Брегзит - 12 април - е и последниот ден кога Велика Британија би можела да ги распише изборите.