1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петков најавува крај на блокадата со шестмесечни преговори

БГ
14 декември 2021

Новиот бугарски премиер Кирил Петков сигнализира дека Софија е подготвена да стави крај на блокадата на европскиот пат на Северна Македонија. Вели дека ќе предложи куса, шестмесечна рамка за надминување на спорот

https://p.dw.com/p/44Ery
Кирил Петков Бугарија Премиер
Кирил Петков, бугарски премиер Фотографија: BGNES

„Ќе и предложиме нов процес на Северна Македонија, многу брз, со лимитирана временска рамка, долга само шест месеци“, најавува Кирил Петков во интервју за Фајненшл Тајмс.
Новоизбраниот бугарски премиер, кој предводи влада составена од четири коалициски партнери, вели дека сака 100 процентно да ја усогласи политиката на официјална Софија со онаа на ЕУ и НАТО. 

Петков најавува дека сака нов почеток во разговорите со Северна Македонија.
„Ќе формираме работни групи за да најдеме решенија за прашањата од заедничката економска активност, инфраструктурата, културата и историјата“, вели тој. 

Петков не очекува да има проблеми во надминување на спорот со соседот од страна на партијата ИТН која ја предводи шоуменот Слави Трифонов, чиј кандидат Теодора Генчовска ќе го предводи Министерството за надворешни работи во новата влада. 

Петков вели дека ИТН биле конструктивен партнер во коалициските преговори, но и дека некои од нивните забелешки ќе бидат прифатени во разговорите. 

„На пример, во македонските учебници Бугарија не треба да биде нарекувана фашистичка“, вели Петков алудирајќи на бугарската окупација на земјата за време на Втората светска војна. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема