1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воведен „фемицид“

23 ноември 2011

Убиствата на жени во иднина ќе се казнуваат далеку построго во Перу.

https://p.dw.com/p/13FEc
Поголема заштита за жените во ПеруФотографија: Pierre Maillis-Laval

Властите во Перу одлучија во Кривичниот закон да го вклучат делото „фемицид“, односно убиство на жена, за што се предвидува затворска казна од 15 години. Одлуката е донесена во пресрет на Денот на борба против насилството над жените, кој се одбележува на 25 ноември. Во иднина, убиство на жена од страна на сопруг, поранешен сопруг, партнер или поранешен партнер ќе се квалификува како фемицид, односно тежок облик на убиство. Повеќе јужно и средноамерикански држави, како Колумбија, Чиле и Мексико веќе го имаат квалификувано ова дело на сличен начин.

Според статистиките на обвинителството во Перу, 72 жени годинава биле убиени од сопружници или партнери. Притоа биле пријавени и 60-ина обиди за убиства врз жени.

Автор: БГ/бета/ап

Редактор: Симе Недевски