Пеле излезе од болница
1 октомври 2021„Кога патот е тежок, мора да се слави секој чекор направен на тој пат. Точно е дека не можам веќе да скокам, но во последните денови боксирав во воздух повеќе од вообичаено. Радусен сум што сум повторно дома“, напиша 80-годишниот Пеле по излегувањето од болница.
На фотографија објавена на Инстаграм, фудбалската легенда е заедно со сопругата и вработени во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, каде беше лекуван во текот на изминатите четири недели.
Кај Пеле пред околу еден месец беше отстранет тумор на дебелото црево, кој лекарите го открија при рутински преглед. По операцијата, Пеле беше на одделение за интензивна нега. Сега мора да се подложи на хемотерапија. Лекарите велат дека Пеле е во „стабилна“ состојба.
Здравствената состојба на Пеле во текот на изминатите години постојано даваше причини за загриженост. Тој имаше неколку операции на колкот. Освен тоа, има проблеми и со 'рбетниот столб и коленото. Пред две години, по инфекција на мочните патишта, му беше отстранет камен од бубрегот.
Пеле за репрезентацијата на Бразил одигра 92 натпревари и освои три светски титули (1958, 1962, 1970).