ЕУ сака да го олесни влезот за граѓани на повеќе земји
16 јуни 2021Европската унија треба да ги разлабави рестрикциите за влез на граѓаните од повеќе земји во светот, а формалната одлука за тоа треба да биде донесена најверојатно на крајот на оваа недела, јавува агенцијата ДПА. Според информацијата на ДПА, поради подобрената состојба со пандемијата во иднина треба да биде олеснет влезот во Унијата за граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Србија, САД, Либан, Макао, Хонгконг и Тајван.
Досега на списокот земји чии граѓани можеа да влезат во ЕУ поедноставно беа само Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја, Израел, Јапонија и Тајланд. За сите останати држави во светот важеа драстични ограничувања.
Повеќе:
Зелено светло од Европарламентот за ковид-пасошот
Германскиот министер Шпан се брани по нападите околу неговите изјави за Балканот
Коронавирус: Германија ги подзатвора границите за Британците
До ограничувањата уште од почетокот на пандемијата се држеа сите држави на ЕУ освен Ирска, како и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд. Со ограничувањата беа забранети сите патувања во ЕУ кои не се поради есенцијална причина.