Патарините го почувствуваа бесот на Албанците
Бесни демонстранти ја запалија патарината на првиот модерен автопат во Албанија. Автопатот е симболична врска меѓу етничките Албанци во Косово и Албанија.
Гнев на автопатот
Стотици демонстранти се собраа на албанскиот автопат на протест против воведувањето патарини. Во судирите биле повредени 14 полицајци, како и повеќе демонстранти.
Запалени кабини
Демонстрантите фрлаа камења врз полицијата и ги запалија кабините за наплата на патарината. Властите претходно најавија дека планираат да наплаќаат меѓу 2,5 и 22,5 евра на патарината во зависност од типот на возилото.
Клучна сврзница
Новиот автопат е клучен проект за патната инфраструктура на Албанија. Проектот за изградба на автопатот го доби меѓународен конзорциум, а со него и концесијата на 30 години за одржување на патот, изградба на нови правци и наплата на патарина.
Врска со приморјето
Многу туристи од соседно Косово го користат автопатот за да стигнат до Јадранскиот брег на Албанија. Автопатот го намалува времето на патување од шест на само два часа.
Ослободување на притворените
Поголема група граѓани во изминатите два дена протестираа пред полициска станица во Тирана барајќи ослободување на притворените кои учествуваа во палењето на патарината. Полицијата претходно уапси над дваесетина демонстранти.
Проект вреден милијарди евра
Новиот автопат со должина од 110 километри чини повеќе од една милијарда евра. Автопатот минува низ стрмен планински терен со серија виадукти и 5,5 километарски тунел. Тоа е првиот модерен автопат во Албанија.