1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Смртноста од британскиот сој на коронавирусот е повисока

БГ /РТР
10 март 2021

Позаразната варијанта на Ковид-19 која се шири низ светот откако за првпат беше откриена во Британија кон крајот на минатата година е меѓу 30% и 100% посмртноносна од претходните варијанти, покажува истражување.

https://p.dw.com/p/3qRtT
Dänemark Aalborg Labor | Sequenzierung von Coronavirus Mutante B 1.1.7.
Фотографија: Henning Bagger/Ritzau/REUTERS

Во студија во која се споредуваат стапките на смртност меѓу луѓето во Велика Британија заразени со новата варијанта на Ковид-19- позната како B.1.1.7- со претходните варијанти кои го предизвикувале вирусот, научниците оценуваат дека смртноста е „значително повисока“.
Британскиот сој за првпат беше забележан на островот во септември 2020 година, и оттогаш се рашири во повеќе од 100 држави во светот.
Тој има 23 мутации во својот генетски код- релативно висок број- и некои од нив многу го олеснуваат неговото ширење. Научниците велат дека оваа мутација на вирусот се шири за 40 до 70% побрзо од претходните познати варијанти. 

-повеќе на темата: Какви се симптомите на британскиот сој на коронавирусот

Студијата која беше објавена во британскиот Медицински журнал денеска, инфекциите со новата варијанта довеле до смрт на 227 лица на примерок од 54,906 пациенти заразени со Ковид-19; во споредба со 141 жртви меѓу пациентите заразени со друга варијанта на истиот вкупен број.
„Заедно со способноста брзо да се шири, ова покажува дека B.1.1.7 е закана која треба да се сфати сериозно“, вели Роберт Чејлен, истражувач на Универзитетот Егзетер и ко-автор на студијата.
Независни експерти велат дека заклучоците од оваа студија само ги потврдуваат претходните првични докази кои покажуваа дека заразата со B.1.1.7 носи далеку поголем ризик од смртност.

Вирологот и професор на молекуларна онкологија на Универзитетот Ворвик, вели дека се уште не се јасни точните механизми зад поголемата смртност на пациентите заразени со британскиот сој, но „можно е да е поврзано со повисокото ниво на репликација на вирусот како и зголемената трансмисија“.
Тој смета дека британската мутација е виновна за новиот бран на зарази со коронавирус во Европа во последните недели.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема