1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Пандемиски радар“: Да не се повтори Ковид-19

СН/агенции
21 мај 2021

Светот никогаш повеќе не смее да се најде неподготвен за вирус кој неконтролирано се шири меѓу луѓето- гласи основната цел на таканаречениот пандемиски радар, на чиј развој ќе работат Велика Британија и СЗО.

https://p.dw.com/p/3thp9
Deutschland Essen | Coronavirus | Schild Biogefährdung - Infektionsstation Uniklinik
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch

Велика Британија и Светската здравствена организација (СЗО) ќе соработуваат на развој на систем за „пандемски радар“ за брзо идентификување на нови варијанти на коронавирусот и глобално следење на нови болести за да се обезбеди светот никогаш повеќе да не биде „неподготвен“.

Премиерот Борис Џонсон најави план за нов „Глобален пандемски радар“ пред денешниот самит на Г20 за глобално здравје во Рим, каде ќе има свое обраќање. 

Канцеларијата на Џонсон соопшти дека ќе вклучи надзорна мрежа која ќе може да внимава на избувнување епидемија и ќе ги споделува податоците за варијантите и ефикасноста на вакцините.

„Светот никогаш повеќе не смее да се најде неподготвен за вирус кој неконтролирано се шири меѓу нас. Мораме да изградиме систем на надзор прилагоден на 21 век, со споделување податоци во реално време и со брзо геномско секвенцирање и одговор“, порача Џонсон.

Велика Британија ќе биде домаќин на самитот Г7 на министрите за здравство од 3 до 4 јуни, пред смитот на лидери на југозападот на Англија наредната недела.

Генералниот директор на СЗО, Тедрот Гебрејесус, рече дека Британија „дала силен пример за надзор и секвенцирање на патогенот, како и за развој на вакцините“.

„Воодушевен сум што под водство на премиерот Џонсон. Велика Британија ќе соработува со СЗО за да придонесе за посилен глобален надзор и безбедност во светот“, изјави Гебрејесус.

На денешниот самит на лидерите на најголемите светски економии ќе се усвои декларација со која се препорачуваат доброволни акции за зајакнување на производството на вакцини против Ковид-19, а се игнорира притисокот на САД и други држави за укинување на патентите за корона-вакцините, покажува, нацртот на завршниотт текст, кој го пренесе новинската агенција Ројтерс.