Пакистан го протера семејството на Бин Ладен
27 април 2012Речиси една година по убиството на шефот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, Пакистан го протера неговото семејство. Трите вдовици и десет деца го напуштија Пакистан утрово со специјален лет и заминаа за Саудиска Арабија, соопшти портпаролот на министерството за внатрешни работи во Исламабад. Трите вдовици, од кои две се од Саудиска Арабија, а една од Јемен, претходно во Пакистан одлежаа затворска казна од 45 денови, поради нелегален престој во земјата.
По терористичките напади од 11 септември врз Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон со речиси 3000 жртви Бин Баден беше државен непријател број еден на САД. Тој се криеше речиси една деценија. Ноќта на 2 мај 2011 специјалци на американската армија го убија Осама Бин Ладен во Аботабад.