1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откриена бомба во центарот на Бон

ЖА/дпа/шпигел10 декември 2012

На железничката станица во Бон е пронајдена бомба, која според полицијата од Келн можела да експлодира. Се трага по тројца осомничени кои направата ја оставиле на еден колосек.

https://p.dw.com/p/16zPR
Фотографија: DW

По алармот за поставена бомба на железничката станица во Бон полицијата трага според информации на „Шпигел онлајн“ по тројца осомничени. Сведоци виделе како младите мажи оставиле торба на првиот колосек, која, според информациите од полицијата во Бон содржела експлозивна направа.

Келнската полиција не кажува детали, ниту тоа дали бомбата е деактивирана. Претходно протекоа информации дека наводната бомба не била вистинска.

Поради сомнителната патна торба денеска железничката станица во Бон околу пладне беше целосно блокирана. Бонската полиција првично соопшти дека торбата била гаѓана со воден топ и притоа според медиумите бомбата била уништена. Но, келнската полиција, која кратко потоа ја презеде надлежноста за случајот, не го потврди ова, ниту даде други детали. Единствено е соопштено дека демонтери на бомби од германската сојузна полиција биле повикани на блокираниот простор на железничката станица. Во ниеден момент нема соопштено информации за повредени или штети.

Железничкиот сообраќај во Бон поради случајот претрпе сериозни нарушувања.