1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Откриен ензим за побрзо распаѓање на пластиката

ЕМФ
17 април 2018

Научниците од Универзитетот Портсмут создадоа ензим кој може да ја раствори пластиката на нејзините хемиски делови.

https://p.dw.com/p/2wAzQ
Plastikmüll am Atlantik
Фотографија: DW/G. Rueter

Ензимот ПЕТасе потекнува од бактерии кои беа пронајдени во постројка за рециклирање во Јапонија и кои можат да „јадат“ пластика. Научниците од Универзитетот Портсмут, Англија, го проучуваа ензимот и заклучија дека е сличен на ензимот кутиназа. Кутиназата може да го раствори заштитниот слој на растенијата - кутикулата. Научниците соопштија дека го менувале ПЕТасе ензимот за да го направат посличен на кутиназата. Притоа забележале дека тој „мутира“ и може многу подобро да ја „свари“ најраширената пластика - ПЕТ.

Џон Мекгиан, раководител на истражувачкиот тим од Универзитетот Портсмут, вели:

„Откривањето на ензимот е извонредно. Нешто што може да јаде пластика која нормално се распаѓа за 400 години. Бактеријата почнува да ја јаде пластиката за неколку дена. Ние го екстрахиравме ензимот од бактеријата и го развивме во лабораторија. Сега ПЕТ-пластиката може да се свари за неколку дена, многу побрзо отколку во природата. Сега, кога сфаќаме како функционира, можеме да направиме ензим побрзо и така можеме да имаме индустриски процес.“

ПЕТасе брзо „вари“ пластика