Остра дебата, без меѓусебни напади
3 октомври 2008Кандидатот на Републиканците, Сара Пеjлин, по 90 минутната дебата, според аналитичарите може да се надева на позитивен развој во битката против политичкиот ветеран, кандидатот на Демократите, Џозеф Бајден. Во дебатата доминира економијата и војната во Ирак, околу која двајцата се судрија.
Кандидатот на Демократите Џо Бајден, своите критики ги насочи кон воениот ангажман во Ирак. Републиканците според него не се во право кога фрлаат 10. милијарди долари месечно во Ирак, а истовремено се игнорира вистинскиот центар на тероризмот, Авганистан. Бајден вели дека не разбира, на кој начин би се променила политиката на Републиканците, под водство на Џон Меккејн, од актуелната на Џорџ Буш „Не слушнав дека неговата политика кон Иран ќе биде поинаква од онаа на Буш. Исто така не слушнав за поинаква политика во однос на Авганистан и Пакистан. Тоа можеби ќе се случи, но засега таа е идентична со онаа на Џорџ Буш, а вие многу добро знаете каде таа не однесе. Ние ќе направиме значајни промени, со кои повторно ќе станеме почитувана нација во светот„ изјави Бајден
Пејлин го критикуваше ставот на кандидатот Демократите, Барак Обама, во однос на зголемувањето на бројот на војниците во Ирак. Таа смета дека Обама делува наивно, кога изјавува дека сака да соработува со лидерите на Иран, Северна Кореа и Куба. Според неа, не станува збор само за лоша, туку за опасна проценка. „Кога зборувате за промените и погледот кон иднината, постојат многу работи кои посочуваат кон минатото, што ни покажуваат во која насока се движите. Ние ќе одиме напред. Владата ќе биде во функција на граѓаните и секогаш ќе покажуваме дека државата ни е во преден план„ изјави Пеjлин