Фараж даде оставка
4 јули 2016Застапникот на Брегзит, Најџел Фараж, денеска соопшти дека дава оставка на шефовската позиција во својата партија УКИП. „Пред референдумот реков дека си ја сакам земјата назад. Сега си го сакам својот живот назад“, изјави Фараж пред новинарите во Лондон. Тој оцени дека со одлуката на Британците за излегување од Европската униј тој ја постигнал својата политичка цел.
Фараж, покрај поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, беше најважниот борец на таборот кој се залагаше за излегување на Велика Британија од ЕУ. Тој денеска рече дека и натаму останува член на УКИП и ќе ѝ дава поддршка на нејзината борба.
Местото во Европскиот парламент Фараж сака да си го задржи сѐ додека не биде целосно завршен процесот на излегување на Велика Британија од Унијата. Тој е европратеник веќе 17 години. Најџел Фараж со години се бореше за Брегзит. Освен тоа, тој постојано предизвикуваше внимание во јавноста со своите популистички пароли.