Орбан и Меркел си остануваат на своето
5 јули 2018Унгарскиот премиер Виктор Орбан одбива прием на бегалци кои според Даблинските правила на ЕУ би биле враќани од Германија. Унгарија „воопшто не се чувствува одговорна за обработка на барања за азил“, туку е на став дека тоа се „нерегистрирани бегалци од други земји, пред сѐ од Грција“, објасни германската канцеларка Ангела Меркел по разговорите со унгарскиот колега во Берлин.
Орбан, кој во својата земја има заземено остар курс на изолација од бегалците, пред новинарите изјави дека мнозинството бегалци доаѓаат од Грција, но дека таму честопати не се регистрираат. Тоа Унгарија го презема на себе, но луѓето би морало да бидат вратени во Грција, смета тој.
Унгарскиот премиер изјави дека со заштитата на јужната граница Унгарија ѝ одзема „голем товар“ на Германија. „Инаку, секојдневно во Германија би доаѓале по 4 до 5 илјади бегалци“, рече Орбан. Тој информираше дека унгарската ограда на границите со Србија и Хрватска е под 24-часовен надзор на околу 8.000 вооружени лица. Сега е „невозможно“ границата да се премине илегално, тврди тој. Затоа е „нефер што во Германија има обвинувања на сметка на Унгарија за недоволно солидарност“, рече Орбан.
Канцеларката Меркел ја истакна обврската на Европа на хуманост. Во дебатата за миграцијата не би смеело да се заборави дека се работи „за луѓе“, потенцираше таа. Таа оцени дека со Орбан и таму имаат разлики по прашањата на политиката на азил. И унгарскиот премиер рече дека се покажало оти тој и канцеларката имаат многу различни ставови околу темата миграција.
Ова е прва посета на Орбан на канцеларката од мај 2014. Унгарскиот премиер важи на најостар критичар на бегалската политика на Меркел.