Крик, општ револт - и што потоа?
24 август 2019Прашумите на Амазонија се белите дробови на светот, која произведува една петина од глобалниот кислород. Дробовите се зафатени од пожар каков што не сме виделе со години. Претседателот на Бразил е во центарот на меѓународната критика затоа што со неговата агресивна реторика ги мобилизира луѓето да посегнат по оружје или да подметнуваат пожари и во духот на дивиот запад да си ја земат правдата во свои раце.
Од позиција на претседател шири теории на заговор, деградира реномирани научници ако не му одговараат нивните публикации и забранува секакво мешање во внатрешните работи.
Критиката е оправдана. Но, дали реториката на Болсонаро е навистина толку изненадувачка? Што друго би очекувал човек од деснопопулист како него? Колку е расположението пожестоко и потресувањето поголемо, толку помалку расположена за дијалог ќе биде неговата влада. Тоа не е во интерес на светот.
Повеќе:
-Болсонаро не сака од Макрон „колонијалистички совети“ за пожарите
-Болсонаро до Меркел: Пошумувај си во Германија!
Што ќе прави меѓународната заедница освен да се потресува и да твита со хаштагот PrayForTheAmazon?
Актуелно на многу места гори во пламени, но реално уништувањето на Амазонија непрестајно се одвива, некогаш побавно, некогаш побрзо, но континуирано. Притоа не е проблемот само во стекнувањето земја за одгледување соја и стока. Со години се зголемува бројот на нелегални рудници за злато. Огромни брани се направени во последните десет години само во бразилскиот дел од Амазонија. До 2023та треба да се повеќе од 20 на број, а тоа се проекти кои беа одобрени уште во времето на левичарскиот претседател Луиз Игнасио Лула да Силва. Тоа се брани чија последица се масивна интервенција во природните екосистеми, а притоа енергетската ефикасност е сомнителна. За нивната изградба големи површини земја завршија под вода, а коритата во кои се собира водата во тропската клима стануваат вистински метан бомби од разградувањето на биомасата. Метанот е како што знаеме многу поштетен за климата отколку самиот јаглероден диоксид.
Во 2012 во Порто Вељо, главниот град на сојузната држава Рондонија и центар на бразилското аграрно лоби можев одблизу да ги видам последиците од браната на реката Мадеира која тукушто беше пуштена во погон. Мадеира е една од најбогатите реки во Амазонија бидејќи во себе има многу седименти од Андите. Кога беше поставена брана реката најпрво го поплави целиот град. Тоа беше помалото зло. Деновиве во истото тоа Порто Вељо не можеа да слетуваат авиони заради попреченоста на видикот од чадот.
Уништувањето на Амазонија се одвива во подолг временски период. Санкции нема да помогнат, напротив дури: да се замрзнат или укинат парите од проекти за заштита на климата или шумата како што неодамна предложија Германија и Норвешка, само ќе биде џокер во рацете на Болсонаро и интересите на големото мнозинство на аграрната индустрија на Бразил.
Тоа исто така би ја заслабнало позицијата на многуте ангажирани луѓе во проекти кои помагаат за заштитата на прашумата. Од нивната влада нема што да очекуваат. Јавните издатоци за климата и заштита на околината уште во 2018 беа значително намалени.
Меѓународната заедница мора да извади уште повеќе пари ако сака да ја спаси Амазонија на долг рок. Глобален фонд, компензациски исплати и глобалното обврзување економските интереси во Амазонија да бидат занемарени. Конференцијата на ООН во Њујорк во септември на која главна точка е заштитата на климата би била идеалното место за тоа. Тука светот може да покаже дали знае да делува, или само да се потресува.