1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОПЕЛ продолжува

4 март 2005

Иднината на Опел во Германија е обезбедена за повеќе години. По повеќемесечниот преговарачки покер за санирањето на фабриката, менаџерскиот тим и работничкиот совет вчера конечно постигнаа договор за иднината што официјално ќе биде претставен денеска.

https://p.dw.com/p/AePH

За отстапките на вработените, матичниот концерн Џенерал Моторс вети нови инвестиции во фабриката. Според договорот, фабриката во Риселсхајм од 2007 ќе го преземе производството на новата средна класа на Опел од шведската посестрима Сааб. Во Бохум пак, ќе се произведува моделот Астра. За возврат вработените мораат да се отакажат од тарифните преговори. Божикниот додаток од 2006 ќе биде намален, а освен тоа и работното време ќе биде пофлексибилно. Со овој пакет Џенерал моторс има намера со години дефицитарниот Опел да го врати во позитива. Уште пред една недела Опел соопшти дека пакетот за санација не предвидува затворање фабрики и отпуштања. 4 ипол илјади вработени доборовлно решија да добијат отпремнина и ќе ја напуштат фирмата уште во оваа година. До 2007 преку отпремнини ќе бидат ослободени вкупно 6 илјади работни места.