1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Она што некогаш беше НУБ денес е руина

Арбнора Мемети
8 јуни 2021

Националната и универзитетска библиотека во Скопје е во катастрофална состојба. Додека директорот и министерството си ја префрлаат вината некогаш репрезентативното здание пропаѓа. Приказна и фотографии на Арбнора Мемети

https://p.dw.com/p/3ubeL
Nord-Mazedonien National- und Universitätsbibliothek in Skopje
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Искршени столици, правливи маси, подови натопени од дожд кој тече од покривот, некогашната омилена библиотека во која многу генерации ги поминуваа своите студентски денови, денес изгледа како напуштен објект за кој никој не се грижи.
„Ја собираме водата со кофи за да не продира барем во архивите каде што имаме вредни материјали. Нема што да правиме, покривот протекува од сите страни'', вели директорот нa НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Фримзим Даути.
Во оваа библиотека со години речиси ништо не функционира. Лифтот не работи, механизмот за пренесување на книгите од архивата е расипан, читалните над 10 години се затворени, а причината за ова е покривот што протекува и ги уништи скоро сите подови. Во функција се единствено една читална и компјутерска просторија, но и тие не се користат поради пандемијата на коронавирусот.
Долгогодишниот проблем на библиотека веројатно ќе останеше непознат за пошироката јавност да не беа реакциите на студентите кои случајот го пријавиле во инспекција.
Бурхан Османи студент по медицина, кој со години ја користи читалната, вели дека оваа место може да се користи за се освен за учење.
„Иако директорот на НУБ е многу близок со студентите ни се чини дека и неговите раце се врзани. Библиотеката личи на напуштен камп. Искрено, во оваа библиотека се може да се направи освен да се учи“, вели Османи.
Според директорот Даути, виновно за ваквата состојба е Министерството за култура кое не му ги одобрило потребните средства за реновирање на објектот. За хигиената во библиотеката се грижеле само две хигиеничарки што, според директорот, исто така не било доволно.

Nord-Mazedonien National- und Universitätsbibliothek in Skopje
Внатрешноста на библиотекатаФотографија: Arbnora Memeti/DW
Nord-Mazedonien National- und Universitätsbibliothek in Skopje
Директорот Фримзим Даути за состојбата го обвинува Министерството за култура Фотографија: Arbnora Memeti/DW

„Јас во оваа состојба го најдов објектот“, вели директорот кој е на функција од 2018 година. „Отпрво имав многу волја да ја сменам оваа ситуација, но сепак кога видов како функционираат работите, не велам дека ја изгубив волјата, но не е како што очекував. Речиси ниту еден проект не е одобрен од Министерството за култура и секогаш ни се даваа помалку средства отколку што баравме. Сето ова го оневозможи реновирањето на објектот", вели Даути.

Од министерството за култура отфрлаат одговорност за состојбата. Според нив објектот е доведен во ваква состојба поради негрижа на менаџментот. Оттаму велат дека НУБ аплицирал во погрешна  финансиска програма, па затоа не добиле средства.

Nord-Mazedonien National- und Universitätsbibliothek in Skopje
Кровот на НУБ Климент Охридски во СкопјеФотографија: Arbnora Memeti/DW

„Комисијата за Инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема при Министерството за култура, во февруари годинава,  достави извештај со кој за Нацрт-годишната програма за работа на НУБ не ги прифати барањата  (за набавка на лифт, за сервисирање на системите за ладење и греење и за санација на покривот на стариот објект ) заради погрешна и непотполна документација. Вистинската адреса за овие барања е  Програмата за инвестиции во културата каде што, доколку конкурирале, би им биле одобрени бараните средства за санација на покривот за која проектот е веќе направен. И во овој случај се работи за недоволна ангажираност на раководните лица”, велат од министерството за култура.
Директорот Даути кој е кадар на ДПА, пак, се жали дека против него се води политичка хајка од страна на министерката Ирена Стефоска која сакала да го смени од функцијата. Тоа му било предочено и во матичната партија.
НУБ последен пат добил средства во износ од над 270 илјади денари во 2018 година. Оттогаш до денес, во буџетите за 2019 и 2020 година не биле предвидени средства за проекти за реконструкции, санации или адаптации на овој објект.

Nord-Mazedonien National- und Universitätsbibliothek in Skopje
Единствената просторија која се користи како читална во библиотекатаФотографија: Arbnora Memeti/DW