Сонот за „ветениот Запад“ ја испразни единствената ромска општина во Европа. Азилот за Ромите значеше надеж, но за многумина донесе разочарување, како за Исак, локален боксер. „Бев азилант два месеца во Германија, ги потрошив и сите пари што ги собирав за да заминам. Затоа веќе не сакам ниту да слушнам за таму,“ вели тој.