1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

од 1 јули фотоволтаиците влегуваат на голема врата

ДТЗ
15 јуни 2022

Секое домаќинство или фирма ќе може да го продава вишокот на произведена енергија од сонцето. Фактури за вишокот произведена струја ќе се прават на шест месеци, а се најавуваат и субвенции од државата.

https://p.dw.com/p/4CjQL
BG Sommerhitze | Photovoltaikanlage mit Solarmodulen
Фотографија: picture-alliance/Klaus Ohlenschläger

Во екот на енергетската криза и енормниот раст на цените на струјата, се отвара патот за поголемо искористување насончевата енергија во Северна Македонија. Од 1 јули секое домаќинство или фирма ќе може да стави фотоволтаици на покривотза производство на струја. Министерството за економија, како што информираше на прес-конференција ресорниот министер Крешник Бектеши, изготви Правилник за обновливи извори на енергија, којшто утре ќе биде објавен во Службен весник. Со законските измени ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија. Надлежните најавуваат и олеснување на постапката добивање одобренија и за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти. 

Што предвидуваат измените? 

Со донесувањето на Законот за енергетика во 2018 година и подзаконските акти, за првпат се воведе можноста за домаќинствата и индустријата да можат да постават фотонапонски електрани на своите кровови со цел обезбедување на сопствените потреби со електрична енергија кои вишокот од производство на електрична енергија би го продавале на својот снабдувач со енергија. 

Според Бектеши, со новиот Правилник ќе се овозможи потрошувач-производител да постави производна постројка со поголема инсталирана моќност (за домаќинства од 4 на 6 КW, а за останатите мали потрошувачи од 20 на 40 КW)  со цел целосно да ја задоволи својата потрошувачка и да пласира поголема количина во мрежата. 

Solarpanele auf Wiese
Секое домаќинство или мал потрошувач ќе може да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергијаФотографија: Wagner/Fotostand/picture alliance

Исто така ќе се овозможи секое домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија, вклучително и со универзалниот снабдувач. Тоа досега не беше возможно, односно ако едно домаќинство кое се снабдуваше од универзалниот снабдувач сакаше да стане потрошувач-производител мораше да го раскине договорот со универзалниот снабдувач и да склучи договор со друг снабдувач.

-повеќе на темата: Фотоволтаична треска во Северна Македонија

Имајќи предвид дека граѓаните не издаваат фактури за продадената електрична енергија,  „ЕВН Хоум“ или кој било снабдувач, ќе може да биде даночен застапник во име на домаќинствата кои ќе им ја продаваат електричната енергија. 

„Со последните измени ќе биде обврска на универзалниот снабдувач за сите тие кои ќе одлучат да стават такви инсталации, да го преземе вишокот на електрична енергија со тоа што ќе може да се направат дополнителни фактури на секои шест месеци, со што ќе може да им се намалат сметките или согласно договорот да им се плаќа на домаќинствата или правните субјекти“, вели Бектеши.

Министерството за економија најавува и субвенции за сите оние што ќе се одлучат да стават фотоволтаици - до 30% од трошоците во износ до 1.000 евра.