1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од 1 јануари недела ќе биде неработен ден

ДТЗ
10 декември 2021

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, очекува пратениците  да го поддржат ова законско решение, бидејќи законот е во интерес на 92% од работниците во земјата.

https://p.dw.com/p/44704
DW-Projekt Balkan Booster | Corona Nord-Mazedonien
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW

Законското решение со кое недела ќе биде неработен ден, ќе стапи на сила од 1 јануари идната година. Ваква одлука донесоа пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика, откако предлог-законот за работните односи помина во второ читање. Ваквата новина се најавува со месеци наназад, а се најавуваа и ригорозни казнени мерки за работодавачите кои нема да го почитуваат тоа.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, очекува пратениците  да го поддржат ова законско решение и на пленарна седница, бидејќи, смета дека законот е во интерес на 92 проценти од работниците во Северна Македонија.

„Со ова решение ги штитиме правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци, додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела“, рече Шахпаска на седницата на собраниската комисија.