ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро спроведени
22 април 2019Во прелиминарниот извештај на Мисијата на ОБСЕ, која го набљудуваше првиот круг од македонските претседателски избори се наведува дека изборниот ден поминал мирно, уредно и транспарентно и добил генерално позитивна оценка од меѓународните набљудувачи.
„Гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу спротивставените политички гледишта, а основните слободи на собирање и изразување беа почитувани во кампањата“, се вели во извештајот , кој заклучува дека и покрај одредени технички предизвици, изборите бile во целина добро спроведени.
Во прелиминарниот изваштај меѓутоа е укажано и на слабото изборно законодавство на земјата, и на потребата за негова реформа:
„Регулаторните празнини беа делумно земени предвид преку меѓупартиски политички договори, но останува потребата да се финализира претходно започнатата реформа на изборното законодавство“, се вели во извештајот.