Обама уште еднаш успеа
22 јули 2010Поради притисок на некои сенатори како и финансиската бранша, реформата не предвидува толку строги мерки како што првично беше планирано.
„Американците никогаш повеќе нема да мора да плаќаат за грешките на Вол Стрит“, изјави претседателот, кратко пред церемонијата на потпишувањето во Вашингтон. Реформите се „најсилната заштитна мерка за потрошувачите“ во историјата на САД.
При пишувањето на новите мерки за регулирање на пазарите, во преден план стоеле граѓаните, а не финансиските институции. Сепак, новините се добри и за економијата. Реформата предвидува формирање на институција за заштита на потрошувачите, која ќе биде под капата на американската Централна банка. Меѓу најважните мерки се вбројува и системот за рано предупредување со кои во иднина би можеле да се избегнат нови финансиски кризи. Многу експерти сметаат дека нерегулираните и високоризични финансики потези на Вол Стрит во Њујорк беа причината за светската финансиска криза. Реформата на финансискиот пазар е вториот внатрешнополитички капитален проект, по реформата на здравствениот систем, кој претседателот Обама успеа да го протурка низ Конгресот.
Автор: АТ/ГБ/афп/дв
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска