Обама работи на решавање на спорот за името
2 мај 2012Во настап во Центарот за стратегиски и меѓународни студии, Ширвуд–Рандал рече дека спорот за името е меѓу бројните прашања кон коишто претседателот Обама е насочен во својата работа.
„Ние работиме многу напорно во заднина, за да постигнеме решение на ќор-сокакот во македонското прашање за името. Една од работите за која претседателот размислува, и која треба да ја знае како претседател, е македонското прашање за името. Тој, лично, е вклучен во разговорите со клучните страни во ова прашање, но за жал тоа не доведе до надминување на спорот за името на НАТО самитот во Чикаго, но ние продолжуваме да се надеваме дека ова прашање ќе биде надминато, за Македонија да може да го заземе своето место како членка на НАТО “, одговори Ширвуд–Рандал на прашање поставено од преставник на Обединетата македонска дијаспора.