1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама ги постави темелите за борба против економската криза

Карстен Шмистер 25 ноември 2008

Идниот американски претседател, Барак Обама, во Вашингтон го претстави новиот економски тим и најави дека подготвува опсежна програма за подобрување на конјуктурата во земјата.

https://p.dw.com/p/G1UP
Обама го претстави својот економски тимФотографија: AP

Барак Обама делува сериозно, неговите шеги од времето на кампањата исчезнаа. Некои можеби ќе бидат разочарaни, но Обама не е веќе во предизборна трка, туку речиси претседател, а земјата се наоѓа во најдлабоката криза во последните децении.

Група експерти за надминување на финансиската криза

Идниот американски претседател, доцна синоќа, го претстави неговиот економски тим, кој сега треба одлучно да и‘ се спротивстави на кризата. Групата експерти е составена од Тимоти Гајтнер, како нов министер за финансии, Лауренс Самерс советник и, според гласините, најверојатно идниот шеф на централната банка, професорката Кристина Ромер и политичарката Мелоди Барнес. „Добро е што ми помагате“ вели Обама и нагласува: „Благодарен сум им на Тим, Лери, Кристина и Мелоди за нивната подготвеност да работат со мене, и тоа ме радува. Почнуваме веднаш, не смееме повеќе да губиме време.“

Задача на советниците ќе биде секојдневно да го известуваат идниот претседател за состојбата во земјата, и истовремено да подготват конкретни предлози за подобрување на ситуацијата. Предлозите на крајот би биле опфатени во програма за поттикнување на конјуктурата: „Потребен ни‘ е план за санација што ќе го стабилизира нашиот финансиски систем и истовремено ќе го стопира принудното продавање на недвижностите, ќе и‘ помогне на автомобилската индустрија. Со програмата ќе треба да се спасат или отворат 2, 5 милиони работни места, бидејќи ќе ги модернизираме улиците, мостовите и училиштата и ќе создадеме инфраструктура за еколошките енергии на 21. век.“

Конјуктурна програма за поттик на економијата

Obama Pressekonferenz in Chicago November 2008
Идниот американски претседател Барак ОбамаФотографија: AP

Сето ова ќе чини многу пари. Проектот уште сега се споредува со таканаречената „Њудил“ програма за подобрување на економската ситуација на претседателот Френклин Рузвелт. Во 30-тите години на минатиот век преку оваа програма, Америка успеа да ја надмине тогашната светска финансиска криза. Колку ќе чини програмата на претседателот Обама, засега останува отворено. Во медимите се наведуваат суми од 500 милијарди до еден билион долари: „Најважно е што имаме консенсуз, што ретко се случува меѓу конзервативните и либералните економисти. Потоа ни‘ е потребна конјуктурна програма, што треба повторно да ја поттикне економијата.“

За тоа, според зборовите на идниот претседател, ќе бидат потребни даночни олеснувања од 95 проценти за Американците. Само домаќинсвата што имаат годишни примања повисоки од 250 милиони долари ќе мора да сметаат на повисоки даноци. Основа на политиката на претседателот е да се зајакне средната класа, без која кризата нема да може да се надмине.

Јавноста реагираше претежно позитивно на тимот од економски експерти на идниот американски претседател Барак Обама. Според некои аналитичари во медиумите, сеуште не може да се согледа дали економската програма на идниот американски претседател ќе биде доволна за надминување на кризата или ќе треба да се делува во светски рамки.