Нуклеарните контролори засега остануваат во Иран
22 февруари 2021Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Рафаел Гроси, изјави по враќањето од Техеран дека со иранските власти е постигнато привремено, тримесечно решение за надзор на примената на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.
Меѓутоа, инспекциите на претставниците на ИАЕА ќе бидат ограничени почнувајќи од утре.„Пристапот ќе биде намален, но ќе можеме да одржиме посебен степен на надзор и верификација“, изјави Гроси за новинарите во Виена, каде што се наоѓа седиштето на ИАЕА, и додаде оти тоа засега ќе ја „спаси ситуацијата“.
Иранскиот парламент го одреди 21 февруари како рок кога ќе ограничи некои инспекции на ИАЕА, на некои домашни нуклеарни постројки, вклучувајќи и воени локации во Иран.
Повеќе:
-Иран се откажува делумно од Нуклеарниот договор
-Европа најавува отпор против американските санкции кон Иран
-ЕУ сака да се бори за договорот со Иран
САД во 2018 година, со одлука на поранешниот претседател Доналд Трамп, еднострано го напуштија меѓународниот нуклеарен договор, со кој Иран се обврза да го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции.
Американските власти повторно воведоа санкции за Иран, додека Иран по истапувањето на САД започна да ги занемарува своите обврски од тој договор.