1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НСА шпионирала три четвртини од интернет - комуникацијата во САД

ЖА/дв/дпа/ртре/всџ 21 август 2013

Колкав е обемот на шпионските активности на американската тајна служба НСА? „Вол стрит џурнал“ презентира нови факти. НСА тврди - се врши заштита на САД, а се почитува приватната сфера на американските граѓани.

https://p.dw.com/p/19U6o
Фотографија: Imago/Chromorange

НСА, Агенцијата за национална безбедност, многу поопсежно ја надгледувала интернет-комуникацијата во САД отколку што тоа досега беше познато. Според информациите на „Вол стрит џурнал“, НСА со помош на телекомуникациските претпријатија имала достап до 75 проценти од вкупната интернет - комуникација во САД во потрагата по информации употребливи за работата на тајните служби. Весникот за тврдењата се повикува на изјави од сегашни и поранешни службеници во НСА, како и на соработници на фирми од областа на технологијата.

Надгледувањето на американските граѓани притоа во САД е строго ограничено, според уставот и законите. Затоа, официјално постојано се истакнува - Американците не се шпионирани или дека во најдобар случај, постојат само одделни случаи, со придржување кон законите.

„Комуникацијата во САД - случајно надгледувана“

Целта на системот на шпионирање, произлегува од пишувањето на „Вол стрит џурнал“, била да се „симне“ сомнителната комуникација со странство или онаа во која учесниците се наоѓале надвор од САД, но информациите оделе преку американски сервер.

Претставници на НСА за весникот меѓутоа изјавиле оти големиот капацитет на системот за надгледување поверојатна ја прави можноста од случајно шпионирање на чисто американската комуникација. Весникот располага со сознанија според кои НСА во одделни случаи меморирала и содржини на електронска пошта испраќана меѓу американски граѓани. Покрај тоа, биле филтрирани и телефонски разговори водени преку интернет во САД. Весникот исто така пишува дека програмите за надгледување, користени заеднички со телеком-фирмите, покажуваат дека НСА била во состојба да следи речиси се‘ што се одвива преку интернет, се‘ додека тоа било покриено со широкоопсежна судска одлука. На доставено барање за одговор, НСА образложува - задачата на тајната служба е борба против странските противници кои имаат за цел да и‘ наштетат на државата. Односно, се врши заштита на САД, а притоа се внимава да се почитува приватната сфера на американските граѓани.