НСА му ја олеснила работата на Сноуден
10 февруари 2014За да ги симне доберливите податоци од серверите на НСА, Едвард Сноуден користел евтин и јавно достапен софтвер, за ова според „Њујорк Тајмс“ информирале експерти за тајните служни, кои сакале да дознаат како Сноуден стигнал до податоците на НСА.
Еден соработник на тајните служби на раководна функција рекол дека Сноуден го користел софтверот „Web Crawler“, за да стигне до голем број на тајни документи на САД. Со овој софтвер и лозинка од НСА процесот се одвивал автоматизирано, велат истражителите на НСА.
Тајана служба сѐ уште не зазема став
Официјален став на тајната служба во однос на сопствената истрага сѐ уште нема. Сноуден бил испрашуван поради неговите доунлодирања и уверувал дека не прави никаква злоупотреба на тајните документи. Како систем администратор во рамките на сервисирањата морал да направи безбедносни копии на локални сервери.
Во рамките на сопствената истрага НСА мора да си ги постави не само прашањето зошто Сноуден како соработнилк со договор со приватна фирма „Booz Allen Hamilton“, за време на неговата активност како администратор на Хаваи воопшто имал пристап до чувствителните податоци на НСА, туку и како шпионажата интерно не била откриена. Впрочем една од најважните задачи на НСА е да ги штити чувствителните воени и податоците на тајните служби од сајбернапади.