НРА против заострување на законите за оружје во САД
26 февруари 2018Влијателното лоби за оружје во САД, олицетворено во Националната асоцијација за оружје ја повлече поддршката за идејата на претседателот Доналд Трамп за заострување на законите за оружје во земјата. НРА нема да поддржи ниту зголемување на возрасната граница за купување на оружје, ниту пак забрана за додатоците за рафална стрелба, со кои полуавтоматските пушки можат да пукаат еднакво бргу како автоматските, изјави Дејна Леш, портпаролка на Националната асоцијација за оружје.
Повеќе на темата:
-Трамп сака да ги забрани додатоците за рафална стрелба
-Трамп може да си замисли вооружени наставници
Виновни се други
Наместо тоа Леш вината за училишниот масакр на Флорида им ја префрли на наводно неактивните политичари. Таа во прв ред го нападна шефот на полицијата во областа Бровард. Според неа, имало бројни предупредувања за 19-годишниот извршител на масакрот и тој можело да биде уапсен порано. Уште во саботата НРА одговорноста за вооруженото насилство во училиштата ја префрли врз недоостатокот од безбедносни мерки во училиштата, грешките на образовните власти и недостатоците во здравствениот систем при грижата за психички болните.
По најновиот масакр во училиштето во Паркланд со 17 загинати, претседателот Трамп сигнализираше подготвеност за законски измени. И НРА најнапред се изјасни дека нема да се спротистави на забраната на додатоците за рафална стрелба, наречени „Бамп сток“. Таков механизам користеше и атентаторот од Лас Вегас, кој во октомври минатата година уби 58 луѓе за време на еден фестивал на кантри музика во градот.