Норвешка целосно ги затвори границите за странци
28 јануари 2021„Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март“, изјави премиерката Ерна Солберг на прес-конференција.
„Во пракса, границата ќе биде затворена за сите што не живеат во Норвешка“.
Таа додаде дека ќе има неколку исклучоци, вклучително и за здравствени работници кои доаѓаат од Шведска и Финска, како и за превозници на стоки. Меѓу исклучоците се вклучени и работниците за одредени бранши и странските новинари, но не и спортистите кои треба да учествуваат на скијачки натпревари во следните недели.
Норвешка не е членка од ЕУ, но е дел од Шенген зоната, и планира да ги евалуира мерките за две недели.
Норвешка досега успешно се справуваше со инфекцијата и има една од најмалите стапки на зараза во Европа.
„Следиме дека други држави прејдоа од ниска стапка на инфекција во неконтролирано ширење за само неколку недели“, вели Солберг, алудирајќи на Ирска. Скандинавската држава и досега имаше едни од најрестриктивните мерки во Европа- од оние кои влегуваа во земјата се бараше негативен ковид тест, регистрација кај локалните власти и обврзувачки карантин.