1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нови 125 случаи на Ковид-19

СН/агенции
6 јуни 2020

По вчерашниот рекорден број, македонските здравствени власти и денеска јавуваат за висок број на нови инфекции од коронавирусот- 125. Во последното деноноќие од болеста починале две лица.

https://p.dw.com/p/3dLYn
Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Македонското министерство за здравство објави дека во изминатите 24 часа се направени 1085 тестови, од кои позитивни биле 125. Две лица, од Прилеп и од Струмица, починале од последиците на Ковид-19. Пациентот од Прилеп имал 73 години а пациентката од Струмица, 67 години.

Инаку најмногу новозаболени, како и во изминатите денови, има во Скопје- 46, а потоа следуваат Kуманово со 19, Штип со 17, Тетово со 16 случаи, Струга со 7, Гостивар со шест, Охрид со пет, Велес со 3, Неготино со два и по еден нов случај во Кочани, Делчево, Битола и Прилеп.

Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Во изминатото деноноќие биле регистрирани 8 оздравени пациенти од Ковид-19.

Вкупниот број на досега дијагностицирани случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 2915 а а на починати од болеста-151.  Оздравени пациенти има 1640 а активни случаи 1124.

Повеќе:

-Кога вирусот ќе го врати ударот

-Филипче смирува: Вториот бран ќе трае кратко

-Нови 180 случаи на Ковид-19, 109 во Скопје

Претходно министерот за здравство, Венко Филипче,  упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Според министерот со такво нешто се внесува конфузија кај населението и недоверба во институциите. Тој, како што рече искрено верува дека ова не е целта.

„Објавувањето број на новозаразени со Ковид-19 од страна на медиумите не смее да биде трка на ексклузивитет, зошто станува збор за чувствителни информации за здравјето и животот на граѓаните. Објавувањето на вакви непроверени информации е уште повеќе несфатливо затоа што Министерството за здравство редовно ги објавува сите информации, а доколку има промени и по неколку пати на ден. Сите прашања на новинарите се одговараат постојано и на дневно ниво“, истакна Филипче, додавајќи дека искрено се надева дека оваа пракса ќе престане.