1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова истрага - доцно обесштетување за жртвите Роми

Кено Ферсек/ А. Трајковска26 август 2013

Во Унгарија повторно ќе се отвори истрага за серијата убиства на Роми од 2008/2009 година. Ќе се истражуваат и пропустите на истражните органи. Борците за граѓански права ова го толкуваат како важен гест.

https://p.dw.com/p/19WLt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Притисокот на унгарските борци за граѓански права и адвокатите очигледно вроди со плод. Национална служба за истрага, централните полициски истражни власти, кои се активини пред сѐ кога постои сомневање за тероризам и кривични дела кои имаат влијание врз националната безбедност повторно ќе отвори истрага за серијата убиства на Роми од 2008/ 2009 година, бидејќи еден или повеќе веројатни соучесници сѐ уште биле на слобода.

Десно екстремни сторители во 2008 и 2009 година извршија девет убиствени напади со подметнување на пожари во кои загинаа шест Роми. 55 луѓе, исто така сите Роми, беа повредени - некои од нив тешко. Осомниченитe убиjци беа уапсени во август 2009 година, а процесот против нив почна пролетта 2011 година. Неоданмна, на почетокот на август, беа објавени пресудите - тројца сторители добија доживотни затворски казни, а еден соучесник беше осуден на 13 години затвор. Сите осудени поднесоа жалби.

Гест за жртвите

Освен тоа унгарското генерално државно обвинителство сега нареди нова истрага во воените служби. Највеорјатно поради сомневање за евентуална вплетканост на унгарската воена тајна служба во убиството на Ромите. Унгарските борци за граѓански права, како активистот Аладар Хорват, ваквите најави го оценуваат како „доцен, но гест за поздравување“ на владата кон жртвите.

Ungarn Sinti und Roma Mann in Budapest
Синтите и Ромите во Унгарија се борат за своите праваФотографија: AP

Унгарскиот министер за човечки ресурси Золтан Балог претходно најави дека неговата влада има намера да ги обесштети преживеаните во серијата убиства како и семејствата на жртвите, бидејќи унгарската држава сноси соодговорност за серијата убиства и нејзините власти потфрлиле во истрагата. Балог со ова ја обвинува тогашната социјал-либерална влада. Ситуацијата е дотолку за одбележување, бидејќи ова е првпат еден министер да признае соодговорност на унгарската држава и оттаму да произлезе морална обврска за обесштетување.

Пропусти на полицијата

За време на и кратко откако заврши серијата убиства, се утврди дека унгарската влада е одговорна за голем број скандалозни грешки на истрагата. Со месеци, десноекстремна позадина за убиството не се разгледувала сериозно, додека полицијата на местото на злосторствата делумно намерно ги бришела трагите. Анализата на ДНК имено покажала дека покрај уапсените четворица сторители имало најверојатно и други соучесници. Тие до денес се на слобода. Освен тоа, имало индиции дека постоеле голем број поддржувачи и луѓе кои имале сознанија.

Ungarn Demonstation Rechtsextreme
Демонстрација на моќ - марш на унгарските десни екстремистиФотографија: picture alliance/dpa

Меѓутоа тоа не е сѐ. Унгарската внатрешна тајна служба го прекинала следењето на двајца од подоцнежните сторители кратко пред да почне серијата убиства. Останува неразјаснето прашањето колку оваа тајна служба знаела за подоцнежните сторители и дали сознанијата намерно не им биле проследени на истражните органи. Воената тајна служба, пак, преку еден официр на тајните служби уште за време на серијата убиства имала контакт со еден соучесник. Дури неодамна излезе на виделина дека овој официр на тајните служби, во процесот против убијците од неговиот претпоставен, бил наведен да даде лажна изјава.

Отворено писмо го омекна Орбан

Либералниот политичар Јозеф Гулјаш, кој во 2009 и 2010 кораководеше со парламентарниот истражен одбор за серијата убиства, го поздрави повторното отворање на истрагата и се надева дека „пропустите на властите конечно ќе бидат разјаснети“. Гулјаш оценува дека и ветувањето за обесштетување на жртвите е „гест кој треба да се цени“, бидејќи во Унгарија не било популарно, да се поддржуваат жртви од редовите на Ромите.

Ungarn Prozess Urteil rassistische Morde an Roma
Активисти за правата на Ромите чекаат на објава на пресудата во процесот за серијата убиства на РомиФотографија: Reuters

Најавата на унгарската влада за обесштетување доаѓа откако борците за граѓански права и адвокатите на преживеаните и семејствата на жртвите во последните месеци постојано укажуваа на нивните бедни животни услови. Адвокатот Ласло Хелмеци, кој во процесот ја застапуваше вдовицата на Јено Кока убиен во април 2009, упати потресно отворено писмо до унгарскиот премиер Виктор Орбан. Хелемци во него ги опишува бедните животни услови на некои од преживеаните жртви по серијата убиства на Роми и го повика Орбан брзо да се заложи за подобро правила за обештетување.

„Дека жртвите треба да бидат обесштетени, ми се чини дека е чесен гест на владата“, вели активистот за Ромите Аладар Хорват: „Со оглед на изборите идната година, тоа би можело да биде јасен сигнал дека владата се оградува од дискриминацијата на Ромите од страна на десните екстремисти“.