1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова ИРА призна одговорност за смртта на новинарката Мекки

СН/ агенции
23 април 2019

Полицијата во Северна Ирска соопшти дека уапсила 57-годишна жена во рамките на истрагата за убиството на новинарката Лира Мекки, смртно застрелана за време на безредијата во градот Лондондери минатата недела.

https://p.dw.com/p/3HFdq
Nordirland, Londonderry: Mord an Journalistin Lyra McKee
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Faith

Станува збор за трето апсење во рамките на истрагата за убиството на новинарката. Претходно полицијата во Северна Ирска уапси две момчиња на возраст од 18 и 19 години осомничени за вмешаност во убиството на 29-годишната новинарка, но подоцна ги ослободи. Повеќе детали за причините за денешното апсење на 57-годишната жена, не се наведени.

Во меѓувреме пак, парамилитарната републиканска група Нова ИРА денеска ја презеде одговорноста за смртта на Мекки. Во изјавата за весникот Ајриш тајмс, Нова ИРА упати „искрено извинување на партнерот, семејството и на пријателите на Лира Мекки“.

Повеќе:

-Северна Ирска: Уапсени двајца осомничени за убиството на новинарката

-Новинарка убиена во Северна Ирска

Лира Мекки веројатно ја погодил заталкан куршум кога непознати лица пукаа и фрлаа молотови коктели на полицијата за време на една рутинска контрола во населбата Креган во Лондондери.

Nordirland, Londonderry: Mord an Journalistin Lyra McKee
Фотографија: picture-alliance/J. Boland

Нова ИРА е група републиканци кои не го прифаќааат Договорот кој е постигнат на Велики петок 1998 година.
Со овој договор Ирската републиканска армија (ИРА) го прифати политичкото решение за поделба на власта со унионистите по долгогодишните насилства во кои се убиени над 3.700 луѓе. Во последните месеци е забележан пораст на тензиите во Северна Ирска.