Нова германска инвестиција во Велес
12 декември 2013Реклама
Германската компанија „Marquardt GmbH” инвестира 35 милиони евра во изградба на погон за производство на делови за врвните германски брендови како „Mерцедес“, „Aуди“ и „БМВ“. Планирано е да бидат вработени над 500 луѓе. Погонот ќе биде сместен во Велес на површина од околу 15.000 метри квадратни, а изградбата се очекува да почне во март 2014. година. Фабриката ќе започне со производство во првиот квартал на 2015. година. Договорот за новата инвестиција беше потпишан денеска во Владата на Република Македонија во присуство на премиерот Никола Груевски.