1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов рекорд за Бајерн во Бундеслигата

СН/АТ/дпа/сид10 ноември 2013

Перфектно коло за Бајерн. Тимот од Минхен се одлепи на врвот на табелата од главниот конкурент за титулата Борусија Дортмунд, а притоа го собори и еден од најстарите рекорди во Бундеслигата.

https://p.dw.com/p/1AEr8
Фотографија: imago

Фудбалерите на европскиот и германски шампион Бајерн од Минхен поставија нов рекорд во германското првенство. Баварците со победата на домашен терен над Аугсбург со 3:0 во актуелното коло од Бундеслигата, ја направија досега најдолгата серија без пораз во историјата на првата германска фудбалска лига.

Горчината на поразот Бајерн не ја почувствувал во последните 37 првенствени натпревари, со што го подобри досегашниот рекорд на Хамбургер од јануари 1983 година.

Бајерн последен пат претрпе пораз во Бундеслигата во октомври 2012 година на домашен терен од екипата на Бајер од Леверкузен.

Fußball Bundesliga 12. Spieltag C Bayern München - FC Augsburg
Фотографија: picture-alliance/dpa

12. коло во Бундеслигата за Бајерн беше перфектно со оглед дека на 4 бода ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на главниот конкурент за титулата Борусија од Дортмунд која вчера загуби од екипата на Волфсбург со 2:1.

Инаку во досегашниот тек на 12. коло на Бундеслигата победи на домашен терен остварија уште и екипите на Бајер Леверкузен (5:3 против Хамбургер), Шалке (3:1 ја победи против Вердер) и Борусија Менхенгладбах (3:1 против Нирнберг) .

Единствената победа за гостинските екипи ја оствари Херта која против Хофенхајм се радуваше на триумф од 3:2. Во петокот екипите на Хановер и Брауншвајг одиграа без голови 0:0.

Денеска пак се се играат натпреварите Мајнц – Ајнтрахт и Фрајбург - Штутгарт.