Нов антисемитизам во Германија?
20 септември 2014На Зеев Аврахами му се оствари еден сон-тој во Берлин има свој сопствен ресторан. Храната која ја подготвува за муштериите, тој ја нарекува „мировна“. Тој доаѓа од Израел, а најголем дел од продуктите купува од либански трговец со зеленчук.
Аврахами сака во својот мал ресторан да постигне отвореност меѓу берлинските Евреи, Арапите и Германците.
Но, и него го заплашија антисемитските изјави слушнати на про-палестинските демонстрации во Германија.
„Постојат неколку работи кои моето еврејско семејство повеќе не ги прави овде. Некои работи кои се случија во Берлин пред еден месец, ме тераат да мислам на нешта за кои не мислев порано. Зашто, на само 4-5 километри оддалеченост од мојата куќа луѓето извикуваа: дека јас како Евреин сум свиња“.
Посебно голема несигурност постои меѓу строго религиозните Евреи во Берлин. Рабинот е убеден: мнозинството Германци не се антисемити. Но, општеството во целина треба да направи повеќе за токму во ова време соодветно да ги поддржи Евреите во Германија.
Јехуда Тајхал, рабин во Берлин: „Понекогаш луѓето немаат доволно цивилна храброст. Кога се повикува на антисемитизам или друг вид на непријателство кон странците, недостига цивилен кураж, отворено да се стане и да се каже: такво нешто не сакам да дозволам во мојата околина“.
„Сабаба“, името на израелскиот ресторан има арапско потекло и значи „Се‘ е во ред“. Во моментов, тоа е повеќе желба отколку реалност.